Жан Пол Готје ќе се збогува со високата мода?!
Славниот дизајнер ја најави последната ревија
Славниот моден дизајнер Жан Пол Готје во официјалното обраќање до медиумите ја најави својата ревија на Неделата на висока мода во Париз, која почнува утре и трае до 23 јануари, и соопшти дека веќе нема да креира првокласни парчиња.
На 22 јануари 2020 година, ќе прославам 50 години кариера во модниот свет, и тоа со ревија од haute couture. Тоа ќе биде мојата последна ревија. Сепак, куќата Couture Gaultier Paris ќе продолжи да функционира со мој нов проект, кој наскоро ќе ви го откриеме“, стои во соопштението за јавноста.
Шеесет и седумгодишниот моден креатор кариерата ја започна во модната куќа „Пјер Карден“, а познат е по тоа што во 1980-тите ги „рушеше“ модните правила. Посебно популарен стана откако Мадона ги носеше необичните корсети со негов потпис. Во текот на кариерата, си играше со модата мешајќи ги родовите, половите и епохите.
Фото: Инстаграм