Насочете ја енергијата во вистинската насока! Што предизвикува забавување на метаболизмот?

Како да се „разбуди“ заспаниот метаболизам?

Една од дефинициите за метаболизмот вели дека тоа е процес со кој калориите од храната во нашето тело се претвораат во енергија. Од организмот и од неговата будна состојба зависи колку и како таа енергија ќе ја трошиме.

Секогаш се повикуваме на тоа и велиме дека со стареењето метаболизмот забавува и дека одбраната од дебелеење сѐ повеќе слабее. И тоа е точно.

Метаболизмот се дели на анаболизам, кој подразбира изградба на нови клетки на ткивата во организмот, и катаболизам, кој претставува складирање на енергијата во облик на масти, која на нашето тело му е потребна за нормално функционирање.

А луѓето се делат на оние со брз и на оние со бавен метаболизам. Најважно е да се пронајде баланс, бидејќи и едниот и другиот имаат свои недостатоци. Она што е факт е дека брзиот метаболизам согорува многу повеќе енергија, органите работат со „полна пареа“ и се оштетуваат, а сето тоа води до забрзано стареење.

Што предизвикува забавување на метаболизмот?

* Губењето мускулна маса при што доаѓа до зголемување на количеството масти во организмот.

* Стареењето е природен процес со кој се забавува метаболизмот. На секои десет години брзината на согорување на енергијата се намалува за пет проценти.

* Хипотиреозата е фактички облик на забавено согорување на енергијата. Забележливо е дебелеење.

* Премалку сон. Во будна состојба доаѓа до лачење грелин, кој го зголемува чувството на глад, па телото бара храна. Ноќните оброци ги оптоваруваат органите, а тие тогаш треба да одмораат.

* Неправилна исхрана. Непочитувањето на принципот за правилна исхрана, која се состои од три главни оброци и две ужини, доведува до тоа неадекватниот внес на материи да предизвика неправилно трошење на енергијата.

* Недоволно вода. Дехидрацијата на телото за два отсто го забавува согорувањето на калориите. Испијте барем половина литар вода повеќе и вашиот организам ќе се потруди да ги забрза метаболичките функции.

* Стресот исто така е еден од најчестите предизвикувачи на забавен метаболизам.

НАСОЧЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА ВО ВИСТИНСКАТА НАСОКА!

Како да се разбуди заспаниот метаболизам, кој најчесто е комбинација од нередовно спиење, неправилна исхрана и недвижење?

* Десет минути смеење ја зголемува потребната енергија во најпозитивна смисла (ги вентилира белите дробови, доаѓа до притисок врз цревата, па низ нив се исфрлуваат токсините).

* Консумирајте зелен чај, кафе, лути зачини, грејпфрут, бадеми, цимет и ѓумбир.

* Вежбајте барем половина час во текот на денот. Се вели дека енергијата што се троши на тој начин позитивно влијае на здравјето.

Особено се ефикасни утринските тренинзи.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.