Како да процените дали вашето дете ве лаже или не?

Мајката е најдобар полиграф на светот!

Познат детски психолог тврди дека мајката е најдобриот полиграф на светот. Но, ако понекогаш не можете да процените дали вашето дете ве лаже или не, обрнете внимание на четири сигурни показатели дека не ја зборува вистината:

Повторување на она што сте го кажале. Детето што лаже го повторува она што последно сте му го кажале, настојувајќи да добие време и да смисли некоја убедлива лага.

Соочување со фактите. Промените на изразот на лицето или чешањето на носот или на веѓите обично укажува на лажење.

Промена на гласот. Бидејќи децата знаат дека не е во ред да се лаже, можно е лагата да ја изговараат со потивок глас или со изменет тон и ритам.

Премногу приказни. Детето што лаже можеби ќе се обиде да ги покрие паузите во исказот со преголема зборливост, освен ако не е тип што постојано се задржува на деталите. Преголема зборливост укажува дека детето лаже.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.