Панталоните може да изгледаат еднакво добро како и фустанот: 4 предлози за малку поинаков новогодишен стајлинг!
Сезоната на прослави започна!
Сите зборуваат за новогодишни фустани, но и панталоните и комбинезоните може да изгледаат одлично
За сите дами што не сакаат фустани, најдовме неколку модни комбинации во кои панталоните играат главна улога.
Во нив забавата е загарантирана, а сигурно ќе изгледате феноменално. Ќе ви биде удобно и одлично ќе ја нагласат вашата фигура.
Кога ќе кажеме нова година, автоматски помислуваме на фустани. Овие фотографии се доказ дека комбинациите со панталони можат да бидат подобра опција. Уверете се сами…
Предимензионираните пуфкасти ракави повторно се ин, а во комбинација со фармерки изгледаат одлично.
https://www.instagram.com/p/BvPMBNhhr1Q/?utm_source=ig_embed
Комбинезонот во комбинација со високи потпетици изгледа еднакво елегантно како и фустанот, а во него сигурно ќе се чувствувате многу поудобно.
https://www.instagram.com/p/B5QrEz7BIwD/?utm_source=ig_embed
Празничната сезона не може да помине без блуза со светкавци.
https://www.instagram.com/p/B5BW6xHohve/?utm_source=ig_embed
Со вакво одело, титулата кралица на стилот е гарантирана!
https://www.instagram.com/p/B4vYhxRF062/?utm_source=ig_embed