Вашите домашни ќе ги обожаваат овие тестенини!
Давор Панчевски секогаш ги исполнува нашите очекувања за вкусен оброк. Побарајте уште вакви рецепти на неговиот инстаграм-профил @daveskitchenofficial, а денес пробајте ги неговите тестенини со топчиња од мелено месо.
Состојки:
За топчињата од мелено месо
- 250 г мелено месо
- сол и мелен црн пипер по вкус
- ½ главица кромид, ситно исечкан
- 1 лажиче сенф
- 1 лажиче кечап
- 1 чешне лук, ситно исечкан
- 4 лажици лебни трошки
За остатокот од јадењето
- 150 г грашок од конзерва
- 1 морков, исечкан на ленти
- 1 лажица доматен сос
- 1 лажиче оригано
- 300 г сварени мини-макарони ал денте
- свежо исечкан магдонос за декорација
Приготвување:
1. Пропржете ги топчињата од мелено месо на малку масло
2. Додајте ги грашокот и морковот исечкан на ленти
3. Зачинете со оригано, сол и црн пипер и додајте доматен сос
4. Додајте ги сварените мини-макарони и гответе уште 5 минути
Добар апетит и забавно готвење!
Не пропуштајте да ги пробате рецептите и во најновиот празничен број на магазинот „Добра храна“!