Вака се приготвува свинско на селски начин: Месо толку сочно и меко што се распаѓа!
Мора да пробате!
Вкус што нема да можете да го заборавите
Состојки:
- 8-10 шницли од свинско каре
- 2 главици кромид
- сол по потреба
- брашно
- оригано
- бибер
- малку сончогледово и маслиново масло
- бело вино
- рузмарин
- лук
Приготвување:
Во големо тавче загрејте сончогледово масло. Додајте неизлупено чешне лук и гранче рузмарин. Зачинете го свинското каре со сол и бибер. Извалајте го во брашно и испржете го во врело масло додека не добие убава златна боја. Извадете го месото на кујнска крпа.
Исечете го кромидот на полумесечинки и издробете го со прстофат сол. Во друго тавче сипете шолја маслиново масло.
На дното ставете исечен кромид, озгора месото и завршете со преостанатиот кромид. Прелејте со 2-3 лажици бело вино и уште толку топла вода. Посипете прстофат оригано или чубрика. Поклопете го садот и динстајте го јадењето околу 15 минути на слаба до умерена температура.
Послужете го карето топло со салата по желба. Уживајте!