Целото ваше семејство ќе ја обожава супата со вакви кнедли
Не можеме да си ја замислиме домашната пилешка супа без кнедли. Но како да ги направите а да не ви се распаднат? Трикот е во вистинскиот сооднос на состојките и моментот во кој ќе ги додадете во супата.
Состојки:
- 100 г гриз
- 1 јајце
- 50 г путер
- сол
- свежо мелен бибер
- мускатно оревче
Приготвување:
- Добра измешајте ги гризот, путерот, јајцето, солта, биберот и оревчето.
- Веднаш формирајте кнедли со лажица и ставете ги во врела вода која не смее да врие.
- Ако супата/водата врие, тргнете ја од рингла и дури потоа ставете ги внатре.
- Ако не ги ставите веднаш во врелата супа, кнедлите ќе го вовлечат во себе соединението од маснотии и јајца, па ќе се распаднат.
- Нека се загреваат поклопени неколку минути, а потоа исклучете го шпоретот и оставете ги да отстојат десетина минути.