Божествени кнедли за домашна пилешка супа: Меки како душа, а не се распаѓаат!

Пробајте!

Целото ваше семејство ќе ја обожава супата со вакви кнедли

Не можеме да си ја замислиме домашната пилешка супа без кнедли. Но како да ги направите а да не ви се распаднат? Трикот е во вистинскиот сооднос на состојките и моментот во кој ќе ги додадете во супата.

Состојки:
  • 100 г гриз
  • 1 јајце
  • 50 г путер
  • сол
  • свежо мелен бибер
  • мускатно оревче
Приготвување:
  • Добра измешајте ги гризот, путерот, јајцето, солта, биберот и оревчето.
  • Веднаш формирајте кнедли со лажица и ставете ги во врела вода која не смее да врие.
  • Ако супата/водата врие, тргнете ја од рингла и дури потоа ставете ги внатре.
  • Ако не ги ставите веднаш во врелата супа, кнедлите ќе го вовлечат во себе соединението од маснотии и јајца, па ќе се распаднат.
  • Нека се загреваат поклопени неколку минути, а потоа исклучете го шпоретот и оставете ги да отстојат десетина минути.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.