Огромен избор на блузи и кошули за дамите со стил
Во новата есенска колекција на Linea ќе пронајдете голем број модели блузи и кошули во интензивни бои, принтови, интересни несекојдневни кроеви, но и избор во нежни нијанси со едноставен дизајн. Ви ги претставуваме нашите фаворити…
ВО ТРЕНД
Тартанот е вечна класика, но во комбинација со блуза во впечатлива боја добива сосема нова димензија.
РАЗНОБОЈНО И ВЕСЕЛО
Со блузите и кошулите на Linea развеселете ги „вечните“ комбинации од плакарот или новите поедноставни еднобојни костуми и здолништа, а зошто да не и омилениот џинс?!
КЛУЧНО ПАРЧЕ
Краток, миди или долг, фустанот е најдобриот избор кога сакате да ја истакнете женственоста. Топлината на вибрантните бои и цветните принтови нека инспирираат енергија и расположение и во дождливите или постудени есенски денови…
БЕЗВРЕМЕНСКА МОДА
И оваа сезона разиграните лежерни и отмени модели на брендот Linea нека бидат вашето моќно средство за да ги истакнете својот стил и елеганција. Чувствувајте се убаво, удобно и самоуверено и во своите бизнис-комбинации, исто како и во лежерните дневни варијанти. Искористете ја уникатноста на брендот Linea, препознатлив по тенката линија меѓу моменталниот тренд и безвременската мода.
Повеќе уникатни модни парчиња побарајте на веб-сајтот www.linea.mk, фејсбук-профилот linea.mk или инстаграм-профилот linea.mk.