Познатата актерка објави фотографии по хемотерапијата (ФОТО)
Само напред, Селма!
Пред нецела една година на познатата актерка Селма Блер ѝ е дијагностицирана мултипна склероза, а како што самата откри неодамна на панелот за здравје одржан во Њујорк, веќе ѝ недостигаат опции за ублажување на болката и физичките тешкотии поради состојбата во која се наоѓа.
Средствата за ублажување на симптомите не ми помогнаа и се чувствувам сè полошо и полошо“, раскажа Селма на споменатиот панел.
Имено, актерката подлегнала на терапија со матични клетки која покажала добри резултати, а моментално со хемотерапија се обидува да го забави развојот на оваа неизлечива болест.
Поради терапијата Селма ја загуби косата, а на Инстаграм објави неколку фотографии со кои покажа дека повторното растење добро напредува…
Еве за сите следбеници штосакаа одблиску да погледнат како напредува растот на косата. Се потстрижив за да се навикнам себеси и синот дека ќе бидам келава. Тоа брзо се случи, ми отпаднаа сите влакна на главата. Главата ми беше чудна, блескава и бледа. Набргу сфатив дека враќањето на црната боја не е добра идеја, таа црна изгледаше како ‘кафена на смртна постела’“, напиша актерката во коментар на објавената фотографија.
Фото: Инстаграм, Getty Images