Славниот актер ја шокира јавноста со признанието дека не сака да ја запознае ќерка си

Популарниот актер Овен Вилсон, кој има три деца со три различни жени, ги шокира своите обожаватели со признанието дека не сака да ја запознае ќерка си Лајла.

Овие детали ги откри неговата бивша девојка за „Дејли мејл“.

Никогаш не ја запозна Лајла. Помага само финансиски, но тоа никогаш не ни беше потребно. На Лајла ѝ е потребен татко. Иронично е тоа што Овен често глуми татко во филмовите, а никогаш ја нема запознаено сопствената ќерка“, откри таа.

Варуни му порача на актерот дека би требало данајде време и конечно да ја запознае малечката…

Би требало да ја видиш ќерка си. Неверојатна е, пропушташ многу. Изгледа исто како тебе“, истакна таа.

За потсетување, славниот актер во почеток не веруваше дека ќерката е негова и побара ДНК-анализа со која се докажа дека тој е таткото. На суд изјави дека не сака старателство над девојчето. Со двата сина од претходните две врски уредно контактира.

Фото: Guliver/Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.