Се ожени Рафаел Надал: Свадба без мобилни, дронови и со силно обезбедување
Гостите на свадбата добиле посебни инструкции од тенисерот и неговата сопруга
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Марија Франциска Перељо – Чиска, се венчаа денеска на северот на Мајорка, во кругот на семејството и пријателите.
Судбоносното „да”, парот го изговорил во замокот „Ла Форталеза” кој датира од 17-ти век и кој се смета за најскапо приватно сопствеништво во Европа. Гостите со минибус заминале на имотот „Ла Форталеза, а во автобусите пронашле картички со пораки од Рафаел и Надал.
На венчавката присуствувале и поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос и неговата сопруга Софија, Кристијано Роналдо, Енрике Еглезијас, Пол Гасол. Шпанските медиуми пренесуваат дека Надал и Перељо, кои се во врска веќе 14 години, сакале едноставна и интимна венчавка.
https://www.instagram.com/p/B3zJUTVAmqB/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix
Фото: Guliver/Getty Images