Истенчен деловен стил на Амал Клуни: Го украде сето внимание кога се појави во овој мантил!
Ефективно издание
Сопругата на Џорџ Клуни доминира кога станува збор за деловен стајлинг
Амал Клуни одржа предавање на Универзитетот Колумбија, а нејзиното елегантно издание е доказ дека со право ја сметаат за една од најмодерните дами.
Убавата адвокатка се појави во темновиолетов фустан со миди-должина.
https://www.instagram.com/p/B3J73hJF5_f/
Стајлингот го надополнила со црни салонки и црна чанта, додека како моден детаљ ставила големи очила за сонце и дискретни обетки.
Меѓутоа, целото внимание го привлекло памучниот мантил со ефектен дезен во жолта и беж боја од модната куќа Proenza Schouler.
https://www.instagram.com/p/B3JjlUGgxd6/
Станува збор за удобен модел што секоја модна комбинација ја прави впечатлива и поинаква, а лесно ги освојува и љубителките на црната боја.