Ајварот и тестото секогаш се добитна комбинација
Овој рецепт е идеална ужина за есенските денови.
Состојки:
- 10 г квасец
- 200 мл млеко
- 1 лажичка шеќер
- 100 г путер
- 350-400 г брашно
- 2 лажици павлака
- 100 г лути димени колбасници
- 1 жолчка
- 3 полни лажици ајвар
- малку семки од тиква, сусам и сончоглед
- малку сол
Приготвување:
Растопете го квасецот во малку млеко. Потоа додајте шеќер, остатокот од млекото, брашно и сол и замесете средно тврдо тесто така што да биде потполно мазно и без грутки.
Кога ќе го замесите тестото, оставете го да отстои 20 минути покриено со крпа.
Кога тестото ќе отстои, расукајте го тенко и премачкајте го со путер. Преклопете го уште неколку пати и оставете да отстои уште 10 минути.
Расукајте го тестото така што да биде со дебелина од околу половина сантиметар, па премачкајте го со ајвар. Потоа, исечете го тестото на тенки ленти и посипете го со сечкани димени колбасници и семки.
Завиткајте го секое исечено стапче и наредете ги во плех, оставајќи место меѓу нив за да не се залепат едни за други. На крај, премачкајте ги со жолчка.
Плехот во којшто ќе ги печете, претходно обложете го со хартија за печење.
Печете на 200 степени околу 25 минути додека не зарумени тестото.
Добар апетит!