Направете го овој десерт, сигурно ќе ви се допадне
Состојки:
- 2 пудинга од чоколадо
- 2 пудинга од слатка павлака
- шеќер за пудинг
- 500 грама банани
- 100 грама мелени бисквити
- 50 грама кокос
- 1 готово лиснато тесто
- 200 милилитри слатка павлака
- 1 литар млеко
Приготвување:
- На плех со пречник од 22 сантиметри ставете хартија за печење, па развлечете го тестото и печето го на 200 степени Целзиусови околу 25 минути.
- Сварете ги посебно двата пудинга во млеко и засладете ги по вкус. Во чоколадниот додајте мелени бисквити, а во светлиот додајте кокос и добро измешајте.
- Во калапот сипете го чоколадниот дел, па наредете цели банани, а одозгора светлиот пудинг и добро израмнете.
- Кога ќе се олади ставете ја изматената слатка павлака.
- Оставете го колачот да се лади 2-3 часа во фрижидер и послужете го.