Ким Кардашијан ја расплака ќерка си Норт Вест (ФОТО)
Старлетата им се пофали на обожавателите
Петгодишната наследничка на американската старлета и инфлуенсерка Ким Кардашијан, Норт Вест, уште од мала покажува афинитет кон модата. Во прилог на тоа одат фотографиите што нејзината мајка ги објави на својот инстаграм-профил, на кои ја гледаме „стокмена“ во фустан и чизми во пинк боја, со змиски дезен.
Судејќи по коментарот на Ким, малата Норт се дотерала за излегување. Но проблем било што чизмите се на мајка и’, па откако и’ кажала дека во нив нема да може да излезе надвор, следувала оваа реакција:
Фото: Инстаграм