Синот стигнал таман за ручек: Славниот готвач станал татко по петти пат!
Среќни вести!
Веста за приновата, готвачот и неговата осум години помлада сопруга ја дознале кратко по прославата за 22-годишнината од бракот
Славниот британски готвач Гордон Ремзи (52) ја објавил среќната вест на Инстаграм дека станал татко по петти пат.
„По трите Бафти и едното Еми, конечно освоивме Оскар. Ве молам посакајте му добредојде на Оскар Џејмс Ремзи“, напишал на својот инстаграм-профил и шеговито додал дека малиот пристигнал во 12.58, точно за ручек.
https://www.instagram.com/p/Bv1q6rXHsKl/?utm_source=ig_embed
Веста за приновата, готвачот и неговата осум години помлада сопруга ја дознале кратко по прославата за 22-годишнината од бракот, за време на кој досега добиле четири деца Меган (21), Матилда (17) и близнаците Џек и Холи (19).