Печени ребра во прилог со пире

Теа Бојковска со љубов го приготви овој рецепт за вас

Ви предлагаме нешто навистина вкусно – крцкави ребра печени во рерна во прилог со пире од компири и морков.

Јас не сум професионален готвач, но храната и нејзиното приготвување се моја страст“, вели Теодора Бојковска, чии прекрасни рецепти можете да ги следите на инстаграм-профилот @gotvime.so.tea

Состојки: * 1,5 кг ребра (поделени на помали парчиња) * 100 мл скара-сос * 3 компири со средна големина * 2 моркова со средна големина * 1 помал сладок компир (во замена може да ставите тиква) * 150 мл млеко * 4 мали коцки путер * масло за готвење * вегета, сол и бибер

Приготвување:

1 Зачинете ги ребрата со сол и бибер. Потоа, премачкајте ги со сосот за скара и оставете ги да се маринираат најмалку 15 минути.

2 Ставете ги ребрата во експрес-лонец, додајте малку масло за готвење, пропржете ги, затворете го лонецот и оставете ги да се готват 15 минути на ниска температура.

3 Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250 степени и почнете да го приготвувате пирето.

4 Во тенџере на оган додајте вода и малку сол. Додајте ги излупени и исечкани на коцки компирите, морковите и слаткиот компир да се варат.

5 Откако ќе бидат сварени, процедетеги, додајте го млекото и со помош на рачен блендер направете го пирето. Во него додајте го путерот и зачинете со малку вегета, сол и бибер.

6 Ребрата од експрес-лонецот префрлете ги во тавче за печење и уште еднаш премачкајте ги со скара-сосот.

7 Ставете ги во рерна уште 15 минути за да се испечат и да станат крцкави. Добар апетит!

Многу повеќе рецепти од нашите гастро-мајстори можете да најдете во специјализираното кулинарско списание „Добра храна“.

Извор: „Добра храна“

Фото: „Готвиме со Теа“, приватна архива

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.