Торта млечна девојка: Најубавиот германски десерт што се топи во уста!
Вистинско совршенство!
Тортата е толку мека и кремава што нема да можете да и’ одолеете
Потребни состојки:
За корите
- 400 милилитри кондензирано млеко
- 2 јајца
- 160 грама брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- За филот
- 400 милилитри слатка павлака
- 70 грама шеќер во прав
Приготвување:
Изматете јајца и кондензирано млеко, па малку по малку додавајте брашно и прашок за печиво. На хартија за печење обележете круг со пречник од 18-20 сантиметри, земајте по две лажици од тестото, ставајте го на средина во кругот и развлекувајте го со прстите, така што ќе добиете тркалезни кори. Би требало да добиете 7 кори.
Печете ја секоја кора 5 минути на 180 степени или додека не добие светло кафеава боја. Многу е важно штом ја извадите кората од рерна, веднаш да ја тргнете хартијата од неа и да ја префрлите на чиста кујнска крпа.
За филот изматете ладна слатка павлака со шеќер во прав. Почнете да ги мачкате корите, редејќи ги една на друга, а за крај оставете малку повеќе фил, со кој ќе ги покриете и страните на тортата. Украсете по желба со чоколадни трошки, овошје, сируп…
Оставете ја да се лади цела ноќ во фрижидер, за да омекнат убаво корите и да го впијат вкусот на филот.