Шпанската кралица Летиција со својот изглед му пркоси на традиционалниот дрес код

Кејт и Меган можат да учат од неа

Убавата кралица секогаш е во чекор со трендовите

Кралската мода со години станала значително поопуштена. Сопругите на британските принцеви, Хари и Вилијам, тоа го потврдуваат речиси со секој моден избор за појавување во јавност, но Кејт и Меган би можеле по тоа прашање многу да научат од шпанската кралица Летиција.

За нејзиниот стил пишувавме повеќе пати, бидејќи покрај тоа што не се придржува до застарениот дрес код, често ги повторува аутфитите, а носи и поволни парчиња облека како прекрасниот фустан од АСОС со кој нè воодушеви минатата година.

Убавата кралица секогаш е во чекор со трендовите, а тоа го докажа и со својот последен стајлинг со кој потврди дека кралската мода може да биде забавна, па дури и по малку секси. На свеченото отворање на саемот за современа уметност АРКО во Мадрид се појави во друштво на сопругот Фелипе во кожен фустан во кој ги украде сите погледи.

Фустан во кимоно стил е од луксузниот бренд H&M и цената е нешто помалку од 400 евра. Фустанот во струкот има каиш кој го прави уште поласкав, иако на згодната кралица такви модни трикови воопшто не ѝ се потребни.

Рокерскиот стил Летиција го надополни со кожна клач чанта, додека незабележливите салонки во кожа боја одлично го заокружија целосниот изглед.

Мора да ја пофалиме и нејзината едноставна, но ефективна фирзура. Одличен 5 за целосниот изглед!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.