По 14 години Жизел Бундхен конечно открила: Ова е вистината за раскинувањето со Леонардо ди Каприо!

Искрена исповед!

Жизел Бундхен во меѓувреме својата љубовна среќа ја нашла со спортистот Том Брејди

Славната Бразилка е жената која најдолго успеала да го задржи  неуморниот заводник Леонардо ди Каприо. Пет години биле во врска, а потоа одеднаш раскинале. Иако никогаш не зборувале за причините за раскинувањето, Жизел Бундхен сега отворено го открила тоа.

Леонардо ди Каприо ја забележал атрактивната Бундхен за време на една ревија, па ѝ испратил цвеќе. Првиот обид да ѝ се додвори не му успеал, бидејќи таа во тоа време била во врска со моделот Скот Барнхил. Жизел во меѓувреме ја раскинала врската, а потоа заеднички пријател ги споил со актерот.

Во тоа време, Леонардo се гледал со богаташката Парис Хилтон, но го прекинал тој однос за да се ослободи за Жизел. Кога во 2000 година ја потврдиле својата врска пред јавноста, многумина се надевале дека нивната љубов ќе заврши со брак и сметале дека Лео и Жизел се створени еден за друг.

Потоа, по пет години ја раскинале врската, бидејќи Леонардо наводно не сакал да се смири, а таа сакала да основа семејство. Не зборувале во јавност за причините и за својата интима, но славниот ангел на Викторија 14 години по тоа трауматично љубовно искуство решила да ја раскаже својата страна на приказната.

„Одлучив дека веќе не сакам да се уништувам со цигари, алкохол и со напорна работа. Станав свесна за работите што не сакам повеќе да ги гледам, ниту консумирам.

Дали во таа желба за промена и сериозност бев сама? На крај, за жал се покажа дека сум“, објаснила убавицата мислејќи на тоа дека нејзиниот тогашен партнер сепак не сакал да ги остави пороците и таквиот свет.

https://www.instagram.com/p/BmBJMlnlq57/?utm_source=ig_embed

Во меѓувреме, Жизел ја нашла својата љубовна среќа со спортистот Том Брејди. Пред олтарот застанале во 2009 година, а подоцна станале родители на две деца, синот Бенџамин и ќеркичката Вивиан.

Атрактивната манекенка целосно се посветила на мајчинството, семејството и сопругот, а пред четири години одлучила дека веќе нема да се појавува на ревии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.