Здравко Чолиќ: „Ги празнам емоциите преку незадолжителен разговор, никому не сум му се јавил и на ничиј повик не сум одговорил“

За Здравко Чолиќ слободно можеме да кажеме дека е омилената балканска ѕвезда, која со иста харизма, енергија и песни умее да ги погоди и најтенките емоции и повеќе од четири децении да доминира на музичката сцена.

Кога некој има кариера како Здравко Чолиќ, не е лесно да се направи вовед во разговорот. Запнуваш уште во првата реченица: кога на неговото име и презиме треба да додадеш епитет. Затоа што, ако кажеш најголема балканска ѕвезда, повторно е недоволно – неговите концерти со нетрпение ги очекуваат и луѓето на другите континенти. Но кога ќе го запознаете, сфаќате колку е всушност скромен, како и секоја друга ѕвезда што се прославила исклучиво преку своите хитови, и колку малку му е потребно „за она малку среќа“.

Не го интересираат етикетите – важна му е само размената на позитивна енергија и љубов со публиката, за да му биде сосема во ред и, покрај неговото име, да додадеме дека е професионален пејач, како што самиот се нарекува.

За тоа колку многу го сакаат жените, можеби и не треба да зборуваме, но токму тој факт е одличен вовед во приказната во колкава мера Здравко ја почитува својата публика и колкав џентлмен е. Не замерувајте што тука текстот ќе го направам личен и ќе додадам дека во мојот дом пронајдов автограм на Чола, со посебна посвета, кој мајка ми го чува во кутијата со спомени. Здравко ѝ го испратил нејзе, како и на сите обожавателки што му пишувале долги писма, како убав знак на внимание. Но нивниот број не беше десет, дваесет, ниту, пак, стотици…

Денес нештата се сменија, па, наместо фотографија со автограм, повеќе се цени заедничко селфи, но Здравко и понатаму ѝ излегува во пресрет на секоја дама.

Со шармерот, голем емотивец и хедонист овој пат разговаравме за Уна и Лара, неговите ќерки тинејџерки, но и за љубовта, среќата, успехот и за музиката.

Ако работиш малку попрецизно, пообемно, процесот на создавање музички албум трае една година. Постојат начини да се заврши и побрзо – кога би се собрале различни аранжери, автори и текстописци, тогаш материјалот би бил готов за пократко време, но ако во создавањето учествуваат помалку луѓе, тогаш тој процес мора да созрее, вели Чола на почетокот на разговорот.

Според податоците, Вашите албуми се меѓу најпродаванит. Како гледате денес, со искуството што го имате, на секој нов успех?

Ова е релативно, затоа што денес постојат различни аршини со кои се мери продажбата. Но секоја пофалба ми годи. Некои песни живеат со децении, иако векот на еден албум трае од две до три години, значи до излегувањето на новиот. Публиката што не купува албуми, туку ги слуша на радио, полека ги открива новите песни, па некои од нив се откриваат дури по две-три години. Но ми значи и тој вид пофалба, затоа што сепак станува збор за комплетен албум, не за една песна.

Живееме во време кога ни е подостапно сè и кога во голема мера се сменија ставовите во многу животни категории. Дали перцепцијата на љубовта е секогаш иста или можеби, денес, е потешко да се пее за неа?

За луѓето што имаат емоции, перцепцијата на љубовта е секогаш иста. Поради дигитализацијата на времето во кое живееме, изгледа дека емоциите се во втор план. Но јас не се согласувам со тоа. Мислам дека секој човек може да си ги задржи емоциите. Во блиските средби со луѓето што се премногу роботизирани, дигитални типови, гледам и мигови кога откриваат убава емоција. Затоа се неуништливи љубовните песни. Љубовната поезија ќе живее засекогаш. Дигитализацијата ги направи нештата потврди, но емоцијата клечи во нас – секогаш е тука, само што се истакнува на различни начини.

Значи, како и претходно, лесно е и убаво да се пее за љубов?

И на светските музички листи на прво место се секогаш љубовни песни, на пример на Адел, а така е и кај мене. Без разлика на веселите хитови, кога ќе дојде една балада со љубовен текст, таа ги поклопува сите.

Зошто е денес толку важно куќата да ни е полна со луѓе?

Тоа е клучна реченица, алтруизам – се отвораме кон светот со раширени раце.

Татко сте на две девојчиња. Како ги подготвувате за светот на возрасните? Што ги советувате?

Како и секој родител, разговарам со нив онолку колку што сум во можност, а би требало и повеќе – за сериозноста на животот. Без разлика на тоа што во детството животот изгледа треперлив и што родителите, на некој начин, со сета своја дисциплина, им угодуваат на децата, мора да укажуваме и на сериозноста на животот, на она што ги чека утре. Во нашата куќа мајка им почесто разговара со нив, укажувајќи им дека животот не е бајка. Секоја година што поминува е потешка и одговорноста наскоро ќе биде и на нив самите.

А што Ви е потребно Вам за „она малку среќа“?

Симпатичен ми е насловот на Антонија Шола, која е моја соработничка од претходниот албум. Таа вели „она малку среќа“, а ако размислиме подобро, на човек и не му треба премногу за еден живот. Често го изговараме тоа, бидејќи, покрај знаење, многу ни е подобро ако имаме и доза на среќа во животот.

Како изгледа денот кога немате ниту една обврска?

Има доста такви денови, особено кога ќе се вратам од турнеја. Шетам во природа, разговарам со келнерите и со угостителите во кафулиња или, пак, со некој случаен минувач. Ги празнам емоциите преку сосема незадолжителен разговор за што било, а никому не сум му се јавил и на ничиј повик не сум одговорил. Го поминувам денот во празнење на мислите и на телесниот набој. Едно нишкање низ денот, кое најдобро ме одмора.

Какви деловни, а какви животни предизвици посакувате во следниот период?

Секој човек посакува нешто ново, без разлика дали се работи за професијата или за некоја семејна радост. Годинава ја замислувам доста работно, планирам доста концерти, нови песни и видеоматеријали. Тука се и настапите во странство, кои ми се најголема радост, затоа што мене публиката претпочита да сме среќава во живо, а тоа е најважно во работата со која се занимавам.

Разговарала: Маја Шариќ

Фото: Приватна архива

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.