САЛСА ГВАКАМОЛЕ Оригинален рецепт за такос

Пробајте го!

Иако маријачите се далеку од нас десетици илјади километри, мексиканската храна може да ни биде на дофат на рацете! Ви претставуваме автентичен рецепт за приготвување оригинален такос.

ПОТРЕБНО:

2 авокада

1 домат

½ кромид

сок од лимон

½ врзоп коријандер

сол, црн пипер

Приготвување: изблендирајте го исчистеното авокадо со стапчест миксер или испасирајте го со виљушка, додајте ситно сечкан кромид, домат, сок од еден лимон, коријандер и зачини. Измешајте и послужете со начос или со чипс.

Екстра-совет: доколку сте за чили-верзија, додајте сечкано луто пиперче.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.