Три вистински приказни што ќе ви помогнат да ги изразите чувствата

Отворете ја душата!

Thinkstock Photos

Оголете се… во модата!

Имам машка градба, многу сум мускулеста и никогаш немав доволно храброст да носам здолниште. Наеднаш сфатив дека мојата сила лежи во панталоните“, раскажува Елена.

„Самодовербата се гради уште во детството. Иако отсекогаш ја имав поддршката од родителите, очигледно некои лекции ги пропуштив како мала. Од мигот кога почнав да зборувам, апсолутно бев против сите женствени работи – здолништа со карнери, кошулки со големи јаки, сето она што девојчињата на моја возраст го обожаваа, јас го доживував како кошмар. Градена сум како момче, што до некаде придонесе да изградам анимозитет кон сето она што се подразбира под женска мода. Еднаш мајка ми ме натера да облечам ламбада-здолниште.

Од оваа перспектива, сфаќам дека имала најдобра намера. Како и сите други мајки, така и мојата сакала да се вклопам во друштвото. Проблем беше што не знаев како да ѝ објаснам дека ми е непријатно да шетам во здолниште, но сепак прифатив да го облечам. Земајќи предвид дека другите деца не беа навикнати да ме видат во такво издание, ме почестија со низа погрдни комплименти, кои навистина оставија трага врз мојата веќе разнишана самодоверба. ’Изгледаш како момче во здолниште’, беше еден од коментарите што ме погодија најмногу. Најлошо од сè е што не можев да го игнорирам фактот дека телото ми е со чуден облик, дека бутовите ми се мускулести, а рамениците широки. Веќе бев свесна дека сум малку полничка, па зборовите на моите врсници ми дојдоа како потврда на она што веќе го мислев за себе. Тоа беше моето прво јавно понижување.

Дури и сега кога се присетувам на тоа, како повторно да поминувам низ целата ситуација. Од тој миг панталоните ми станаа омилено, но и единствено парче облека. За фустани и за здолништа немаше место во мојот плакар. За време на студиите почнав да ја менувам сликата за себе. Во тој период одеднаш се најдов во атмосфера во која е пожелно да си различен, да го изградиш својот идентитет.

Веќе ги немаше коментарите од типот ‘зошто никогаш те немам видено во фустан’. Постепено почнав да се осознавам себеси, моите мани и доблести и да се прифаќам таква каква што сум. Кој вели дека женственоста се крие исклучиво во розови здолништа и фустанчиња? Па, погледнете ги само холивудските актерки Марлен Дитрих, Кетрин Хепберн и Дајана Китон, кои со машките аутфити го искажуваа својот протест кон наметнатите општествени норми, но тоа воопшто не ја намали нивната женственост.

И денес сакам да носам добри панталони во комбинација со фантастично сако, но веќе не ја угнетувам жената во мене. Сè уште обожавам фармерки и сè што има ногавици, но не ми е тешко да прошетам и во фустан со цветни мотиви, во целосен сјај на својата женственост.“

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.