СТЕФАН СПИРКОВСКИ: „Љубов е кога срцето ти е мирно“

У&З прашалник

Дознајте како Стефан Спирковски ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше фитнес-моделот Стефан Спирковски (@stefan_spirkovski), познат по своите совети за здрава исхрана и активен животен стил.

1. Најголемиот тренд моментално е… виртуелниот свет.

2. Личноста на која најмногу ѝ се восхитувам е… мојата мајка.

3. Се издвојувам од другите зашто сум… истраен и одговорен.

4. Убавина е… грижата за сопственото здравје.

5. Се грижам за моето здравје така што… се хранам здраво и спортувам секојдневно.

6. Мојот животен стил би го опишал како… брз и динамичен.

7. Ме нервира кога… луѓето не се искрени.

8. Среќен сум кога… ќе му помогнам некому.

9. Талент што би сакал да го поседувам е… да пеам.

10. Мојот најголем страв е… дека ќе ги разочарам најблиските.

11. Веднаш би се преселил во… Италија.

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… ти со камен, јас со леб.

13. Љубов е… кога срцето ти е мирно.

15. Омилен сегмент од „Убавина и здравје“ ми е… делот со рецепти за здрава храна.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

ДАВИД МУКА: „Мојот најголем страв се луѓето што викаат ‘ВИКАЈ УРА’“

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.