Славица Ќуктераш: „Короната удира и на психата, плачев од болки!“

Била слаба и анемична

Пејачката го опиша своето искуство од прележувањето на коронавирусот

Фолк-пејачката Славица Ќуктераш во јули прележа корона, а нејзината борба траеше дури три недели! За тоа време, доста ослабна, доби анемија и сосема се истошти.

Мене вирусот тотално ме скрши и ме турна во анемија. Ми удри на црвените крвни клетки. Бев заразена 21 ден. Годинава, тоа е нешто најлошо што ме снајде. Имав боки во коските, со температурата се борев секој ден, ги загубив осетот за вкус и мирис. Првата недела ослабна пет килограми“, раскажува пејачката во разговорот за магазинот „Свет“.

На прашањето дали таа и Милица Тодоровиќ, со која заедно беше во изолација, лежеле во болница, пејачката одговори дека не биле хоспитализирани, но биле чести „гости“ на ковид-амбулантата.

 

 

View this post on Instagram

 

@milicatodorovicofficial ❤️❤️❤️

A post shared by Slavica Cukteras (@cukterasslavica) on

Милица и јас не лежевме во болница, но често одевме во ковид-амбулантата затоа што не се чувствувавме добро. Секогаш кога ни беше лошо, одевме таму да ни ја проверат крвта и да ни ги снимат белите дробови, така што бевме чести посетители“, открива Славица.

Фолк-пејачката раскажа дека најмачно од се’ за време на лекувањето ѝ било тоа што се чувствувала премалено и истоштено.

Станувам наутро, се чувствувам океј и по половина час настапува голема немоќ. Ми се вртеше во главата, имав силни болки, бев премалена. Се чувствував како некој да ме тепал од утро до мрак. Секој дел од телото ме болеше цели 10 дена. Најлошо од се’ е што мора да мируваш. Ми се случуваше да отидам до тоалет и при враќање да се чувствувам толку уморно како да сум истрачала маратон.“

Славица не крие дека ковид-19 ѝ влијаел и врз психата…

Болеста најмногу удира на психата. Многу плачев, и од болките и од ситуацијата, бидејќи бев одделена од ќерка ми. Прифатив дека имам ковид-19, но тоа не беше обичен вирус. Луѓето многу си играат што и понатаму не носат маски“, завршува Славица за „Свет“, која непосредно по прележувањето на коронавирусот заврши во болница во Нови Сад поради гнојна ангина, но по пет дена, застана на нозе и моментално е на домашно лекување.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.