Оваа грешка верниците постојано ја повторуваат на Задушница, а претставува голем грев

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.

Задушница (Мртва сабота) – деновите во кои според народните верувања душите на покојните предци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи.

На овој ден се посетуваат гробиштата, каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино им се изразува помен за починатите.

„Задушница“ од Иван Мрквичка (1890)

На овој христијански празник верниците им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или, пак, ако избрка туѓинец од гробот.

Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.