Машко бебе е родено со нумеролошки поволен датум и време на раѓање: 22 февруари 2022 година во 2:22 часот попладне

И температурата во собата била 22 степени!

ФОТО: Shutterstock

Бебето е родено со планиран царски рез.

„Се јавив да го координирам царскиот рез и ми го предложија овој датум“, вели Лиан Коен, мајка на машкото бебе родено во Израел, со нумеролошки поволен датум и време на раѓање – 22 февруари 2022 година во 02:22 часот, попладне (14.22), соопшти денеска болницата Рамбам во Хаифа.

Бебето е родено со планиран царски рез и е второ дете на родителите Лиан и Рам Коен.

Мајката открила дека било фантастично да се види дигиталниот дисплеј на ѕидот со времето и датумот.

Дури и температурата во просторијата беше 22 степени“, рече таа и додаде:

Специјалната комбинација на броеви сега стана дел од приказната за раѓање. Тоа е ретко, тоа е лудо. Имаме посебна приказна за раѓањето и посебно дете кое пристигна со таа приказна.

ФОТО: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.