Милијардери чии деца ќе останат без парично наследство

Ќе го донираат своето богатство во хуманитарни цели

Со богатство од милиони, но и милијарди долари, многу ѕвезди решија да ги дадат своите пари на хуманитарни организации, откако ќе го напуштат овој свет.

Ворен Бафет

Бафет планира да им даде еден процент од богатството на своите деца. Можеби звучи малку, но еден процент од неговото богатство, кое изнесува 82,3 милијарди долари, е 823 милиони долари. Значи, тие дефинитивно ќе бидат осигурани до крајот на животот. Наместо да остави сè на семејството, тој создаде „Завет на добродетели“ со Бил и Мелинда Гејтс, а другите 99 проценти од богатството ќе бидат донирани во добротворни цели.

Бернард Маркус

Според списокот на „Форбс“, основачот на „Home Depot“ вреди 6,3 милијарди долари. Тој планира да ги остави своите пари во фондацијата „Маркус”. Всушност, до 90 проценти од „сè што останува од неговото богатство ќе оди во оваа фондација“. Маркус рече: „Ги имам сите куќи што ми се потребни. Јас живеам многу добро. Сè за што живеам засега е да ги пронајдам вистинските работи за да ги вложам моите пари, што пак ќе врати добри емоции и ќе направи нешто добро за овој свет“. Тој неодамна донираше 250 милиони долари на аквариум во Џорџија и донираше милиони за центарот за аутизам „Маркус”.

Џеки Чен

Чен планира да го остави своето богатство од 370 милиони долари на добротворни цели, наместо на неговиот син Џејси. Исто така, тој објасни зошто не сакал да му го остави богатството на својот син: „Ако е способен, може сам да заработи пари. Ако не, тогаш тој само ќе ги потроши моите пари“.

Ештон Качер и Мила Кунис

Заедно тие имаат околу 265 милиони долари и планираат да донираат сè, наместо да им го остават богатството на своите деца. Качер рече: „Нема да направам фонд за моите деца. Ќе заврши со донирање на сите пари на добротворни цели и разни работи“.

Марк Цукерберг

Во објавата на Фејсбук од 2015 година, основачот на Фејсбук и неговата сопруга, Присила Чан, објавија дека нема да им го остават своето богатство од 82,6 милијарди американски долари на нивните ќерки Макс и Август, туку ќе донираат 99 проценти од него. Оваа објава им беше упатена на нивните ќерки и беше напишано: „Сакаме да пораснете во подобар свет од нашиот. Ќе дадеме сѐ од себе да го направиме тоа, не само затоа што ве сакаме, туку и затоа што имаме морална одговорност кон сите идни генерации“.

Прочитајте и: Ако ништо не ви оди од рака, а проблемите ве гушат: 7 начина да ги совладате грижите и да зајакнете психички

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.