Жена му никогаш го немала видено неговото лице: Кога овој модел за бради се избричил, сопругата се шокирала! (ВИДЕО)

Урнебесно!

Коста и неговата сопруга Џена се познаваат речиси 7 години и за целото тоа време, таа никогаш го немала видено без брада

Иако сѐ повеќе мажи се одлучуваат за нов имиџ и пуштаат брада, овој маж одлучил да се избричи по 10 години!

„Поминаа 10 години откако последен пат го видов моето лице и тоа се има променето. Имам 40 години, што значи дека остарев малку и сакам да видам како изгледам без брада“, вели Коста во видеото.

Додал и дека сегашната сопруга ја запознал пред 7 години, што значи дека таа никогаш го немала видено без брада.

Коста Карлос се избричил и притоа направил по некоја посекотина. Бил задоволен од изгледот. А потоа, го здогледала сопругата Џена.

Нејзината реакција била урнебесна и забележана е на видео објавено на Јутјуб.

„Што…“, вреснала.

„Ова е чудно. О, боже, не можам да гледам во тебе… не личи на тебе“, додала.

Кога се привикнала малку, била фасцинирана и рекла дека всушност изгледа помладо и дека е чудно тоа што може да ги види неговите усни како се движат додека зборува. Како сето ова изгледало, погледнете во видеото…

Обична жена (70) отишла кај стилист за славни личности: Родената ќерка не можела да ја препознае! (ФОТО, ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.