Купиле камп-приколка, па во неа пронашле писмо од поранешната сопственичка: Не можете ни да претпоставите што им порачала!

Ги топи и најледените срца

90 илјади луѓе ја лајкувале оваа објава на Фејсбук

Откако родителите ја продале камп-приколката, австралиско 10-годишно девојче им напишало слатко писмо на новите сопственици и го оставило во фиоката покрај нејзиниот кревет, заедно со убава бела белегзија.

Писмото што било пронајдено гласи:

„Здраво, се викам Попи и имам 10 години. Ова беше наша камп-приколка некогаш и имаме патувано низ повеќе од пола Австралија со неа. Ова беше мојот кревет (горниот кревет) и беше многу добар.“

Попи објаснила дека фиоката ги чувала сите нејзини посебни работи што не можела да ги остави за време на патувањата.

„Се надевам дека уживате во оваа приколка и имам порака до вас: Следете ги вашите соништа и ако се двоумите помеѓу тоа дали да бидете во право или да бидете љубезни, одберете љубезност“.


Воопшто не е чудно тоа што семејството од Бризбејн, кое го купило овој караван, одлучило да ја сподели нејзината порака на Фејсбук, каде што собрала повеќе од 90.000 лајкови, а воодушевените следбеници коментирале дека Попи е легенда!

По смртта на нејзиниот сопруг, таа ја најде неговата порака: Она што го прочита ја остави во шок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.