Кога некој ќе ве навреди и понижи, одговорете му вака: Одлични совети на познат руски психолог!

Мудри зборови

Прочитајте ги овие совети…

„Ако некој е непристоен со вас, насмејте му се право во лице. Ако останете во добро расположение и не го изгубите оптимизмот, тоа ќе го порази оној што ве навредил“, рекол некој мудар човек, а ние не можеме да не се согласиме со тоа.

Луѓето што имаат намера да ве повредат, најдобро е да ги поразите со среќа и позитивен став. Светот е полн со луѓе кои, можеби и без размислување, на соговорниците им упатуваат зборови што можат да ги повредат. Често може да се слушнат прашања како „зошто си се здебелила толку?“, „кога ќе се омажиш?“, „зошто уште немаш работа?“ или сугестија дека нешто не ви стои добро или дека треба да промените нешто во својот живот. Овие луѓе секогаш мислат дека знаат повеќе за вашиот живот од вас самите.

Најдобрата одлука што можете да ја донесете е да не обрнувате внимание на нивните коментари, но ако сепак сакате да победите во оваа конверзација, продолжете со читање.

Познатиот руски психолог Михалков има генијален метод што ќе го остави без текст секој што ќе се осмели да постави непристојно прашање или има намера да ги повреди вашите чувства. Еве како треба да одговорите на непристојните прашања според него…

„Благодарам“

Едноставното „благодарам“ ќе му даде до знаење на соговорникот дека не сакате да разговарате на таа тема и дека не сакате да влегувате во расправија со него. На ваквата реакција, сигурно ќе се сврти и ќе си замине без дополнителни прашања.

„Го ценам твоето мислење, но не се согласувам со тебе“

Ако одговорите вака на нечија непристојност, ќе покажете дека сте попаметни, постабилни од соговорникот и дека нема да паднете на негово ниво. Самодовербата потполно ќе го порази соговорникот.

„Дали навистина очекуваш да одговорам на тоа прашање?“

Оваа фраза може брзо да го олади арогантниот соговорник, особено ако комуницирате во јавност. Наместо да се правдате за вашите постапки, одговорете со ова прашање и на соговорникот никогаш нема да му падне на памет да биде непристоен.

„Во право си“

Секој кој има намера да ве повреди со зборовите, очекува бурна реакција. Ако се согласите, по малку иронично, со нивната констатација, тоа потполно ќе ги порази.

Насмевка

Ако немате волја за премногу разговор, само насмејте се. Оваа реакција дефинитивно ќе ги зачуди.

Се будите во лошо расположение? Прочитајте ги овие совети и разбудете се со насмевка
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.