ИМ ЈА ИСЕЧЕ КОСАТА НА ЌЕРКИТЕ И СВОЈАТА: Со оваа сминка Анџелина Џоли ги расплака сите! (ВИДЕО)

Погледнете!

Кога ќе ја погледнете, можеби ќе посакате да го сторите истото.

Анџелина Џоли заедно со ќерките Захара и Шајло се приклучи на голем светски проект, односно изложба, која се обидува да ја подигне свеста и конечно да им помогне на жените во Иран. Таа земја одамна е погодена од кризата, па не е чудно што Анџелина без многу размислување одлучи да помогне на свој начин.

Објавата на актерката на Инстаграм се состои од видео и фотографии. На видеото се гледаат голем број луѓе кои одлучиле да учествуваат во овој проект, па отсекле дел од косата и ја испратиле на адресата во Париз, од каде што уметницата Прун Нори сето тоа ќе го однесе во Њујорк во март и ќе го претстави во рамките на својата изложба.

Мојата пријателка Прун Нори работи на прекрасен уметнички проект солидирајќи се со храбрите жени во Иран, кои се борат за еднаквост и права, одавајќи им почит за нивната храброст. И моето семејство се вклучи во проектот. Секој од вас може да учествува со испаќање прамен од својата коса до 25 февруари – рече Анџелина Џоли и откри дека изложбата ќе се одржи во Њујорк на 8 март, на Меѓународниот ден на жената.

По видеото, следуваат и неколку фотографии на кои може да се види како Анџелина ѝ сече прамен од косата на Захара, како и од кратката коса на Шајло, која без многу размислување му се придружија на проектот.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.