Хуманата страна на „лошата девојка“: 9 потези на Ријана што ќе ве разнежнат

Рири во поинакво светло изгледа вака

Мегапопуларната Ријана, која гчесто ја нарекуваат „лошата девојка Рири“, големо внимание им посветува и на проблемите во светот и донира голем дел од богатството за да помогне во нивното решавање.

Од непрофитни организации и донирање милионски суми, па сè до одржување добротворни концерти, погледнете што сè има направено Ријана за светот:

1 Основач е на фондацијата Клара Лајонел (Clara Lionel Foundation – CLF), чија цел е да го подобри образованието, но и генерално животот на луѓето ширум светот, особено оние од сиромашните земји. Фондацијата е крстена по нејзините баба и дедо – Клара и Лајонел. Благодарение на подвизите со оваа непрофитна организација, Ријана беше прогласена за „Хуманитарец на годината“ во 2017-та од страна на Фондацијата на Харвард.

2 Одби да настапува на полувремето на Супер бол во 2019-та поради рагбистот Колин Каперник. На натпревар во 2016-та, во знак на протест против полициската бруталност кон луѓето со темна кожа во САД, Колин одби да стане додека се пееше американската химна. Поради ова, тој доби забрана да игра на Сопер болот, а Ријана, сметајќи дека тоа е неправда кон луѓето со темна кожа, одби да настапува на полувремето во 2019-та.

3 Го организира Дајмонт бал. Diamond Ball e годишен настан кој се одржува од 2014-та, а е организиран од Ријана, преку фондацијата CLF. На настанот присуствуваат некои од најбогатите ѕвезди, а целта е да се соберат пари наменети за борбата против климатските промени. Дел од парите се донираат и во родната држава на пејачката.

milionski-donacii-dobrotvorni-koncerti-10-podvizi-so-koi-rijana-go-napravi-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-04.jpg

4 Донира 100.000 долари по ураганот Сенди

Во 2012-та, ураганот Сенди, еден од најдеструктивните за таа година, направи пустош на Карибите, предизвикувајќи штета од над 100 милиони долари. Многу луѓе останаа без домови, а имаше и жртви. Тогаш пејачката донираше 100.000 долари, со кои се обезбеди храна за луѓето кои изгубија речиси сè.

5 Донира 2 милиони за жртвите на домашно насилство откако во април минатата година, основачот на Твитер, Џек Дорси донираше 2,1 милиони долари за жртвите на семејно насилство за време на пандемијата.

6 Фондацијата Белив (Believe) ја основа на 18-годишна возраст, со која им помага на децата со смртоносни болести. Во рамките на фондацијата, пејачката одржа и неколку добротворни концерти, кои беа бесплатни за јавноста, а парите од спонзорите ги донираше за лекови, школски прибор и играчки за деца од сиромашни семејства.

7 Донира 5 милиони долари за борбата против коронавирусот, а за здравствените работници од Њујорк донираше и заштитна опрема.

8 Ги инспирира фановите да го засакаат своето тело. Ријана сака сите да си го сакаат своето тело, а тоа го докажа и со модната ревија на нејзиниот бренд Savage x Fenty. На ревијата имаше модели со секаков тип на тело, а едни од најзначајните гости беа Лизо и Парис Хилтон. И на нејзината онлајн-продавница има фотографии од модели со различен тип на тело, вклучувајќи и плус-сајз мажи – нешто што е вистинска реткост.

milionski-donacii-dobrotvorni-koncerti-10-podvizi-so-koi-rijana-go-napravi-svetot-podobro-mesto-za-zhiveenje-09.jpg9 Таа е амбасадорка на Глобалното здружение за образование

Глобалното здружение за образование (GPE) има за цел да ги подобри образование системи на државите во развој. Ријана е еден од амбасадорите на здружението и се бори да направи позитивна промена во сиромашните држави.

 

Фото: Инстаграм, Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.