Лила Филиповска танцува со самовилите во Долината на љубовта (ВИДЕО)

Не се опишува, само се доживува!

Популарната Лила Филиповска деновиве ужива во Кападокија, каде што леташе со балон и им ги пренесе своите впечатоци на многубројните следбеници на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите. Изгрејсонце на кое според легендата играат самовилите во ‘Долината на љубовта’ нестварен поглед на чудото на природата и чувството дека лебдиш е причина ова доживување никогаш да не го заборавиш. Најбитни се временските услови. Најголем непријател е ветрот. Пред две години, со мојот другар Спасе не успеав да летам, ама овојпат ме посака среќата. Времето беше идеално како пролет и многумина како мене уживаа. Во моментов тука има 250 балони од 25 компании, а сѐ започнало со само еден балон на еден шведски брачен пар во 1991. Останатото е историја“, Лила објасни во описот на споделените фотографии и видеото од Кападокија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Инаку, ова е втора посета на убавата водителка на магичната Кападокија, каде што по неколку милиони години природата потпомогната од комбинацијата на излиената вулканска лава од трите вулкани што постоеле тогаш,  поројните дождови и силните ветрови да се формираат овие чудни зданија, уникатни, формации кои домаќините дел од нив ги адаптирале во хотелски соби. Сите тие соби се наоѓаат во вистински пештери и не постојат две исти соби, а Лила открива дека чувството да се престојува во нив е фантастично.

А навечер глетката е како сцена од некој филмски сет…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.