Го разоткриваме Џони Деп: „Ќерка ми вели дека сум чуден, и јас мислам дека е така“

Еве некои интересни детали од неговиот живот!

Холивудскиот актер, според многумина, е ексцентрик, но ќе признаете дека токму тоа му дава посебен шарм на неговиот актерски талент.

Не постои костим кој може да го нагрди сексапилниот актер, напротив, тие уште повеќе го прават привлечен на големото платно.

Нему годините не му можат ништо, Џони Деп засекогаш ќе остане „младо момче“. Тој самиот се обиде да се нагрди со екстензиите во косата и со грдите коронки на забите во франшизата „Пиратите од Кариби“, во која го толкува ликот на капетанот Џек Спароу (ако не знаевте, капетанот требало да изгледа сосема поинаку, но Деп ја презел грижата за сопствениот изглед).

Но без резултати, затоа што секоја жена на светов знае дека зад црнилото и валканоста се крие сексапилниот Џони.

Stream Pirates of The Caribbean - Captain Jack Sparrow - Bass Boosted BGM  .mp3 by Ammar Khan | Listen online for free on SoundCloudЗемајќи предвид дека од првата филмска улога на Деп поминаа речиси три децении, нема податоци од неговиот личен живот кои останале енигма за јавноста. Но што и да излезе на виделина во иднина, Деп нема да го погоди многу затоа што живее според сопствени правила, не водејќи сметка за туѓото мислење.

И самиот признава дека е по малку чуден лик, а тоа му го посочила и ќерката Лили Роуз, која тргна по неговите стапки. Го сметаат за ексцентрик, но сè што прави, мисли и чувствува само придонесува за неговата величественост.

Еве некои интересни детали од неговиот живот!

  1. Деп е страстен музичар. Едно време бил гитарист во бендот „The Kids and P”.
  2. Запишан е во Гинисовата книга на рекорди како најплатен актер.
  3. Има две големи фобии. Една од кловнови, а друга, верувале или не, од танцување, па затоа никогаш не танцувал.
  4. Еден британски научник му го дал неговото име на фосил стар 505 милиони години.
  5. Еднаш се обиделе да го ограбат, но крадецот се откажал од намерата кога видел за кого се работи. Кажал дека едноставно не може да го ограби Џек Спароу. Сведоците тврдат дека Деп сепак му ги дал парите.
  6. Порано продавал пенкала преку телефон.
  7. Фасциниран е од барбики. Кога и да си играл со нив и со ќерките, се обидувал да им дава различни гласови, сè додека девојчињата го замолиле да го врати својот глас.
  8. Најмалку петпати бил свршен, а двапати бил во брак, но не и со Ванеса Паради со која бил во врска 14 години.
  9. Не сака награди. Наградувањето за него, значи натпревар, а тоа не му се допаѓа.
  10. Имал тетоважа посветена на бившата девојка Винона Рајдер, која по раскинувањето ја преправил во „Wino forever“.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.