Мраморна торта без печење: Најсочниот и најкремливиот десерт што секогаш ќе го правите! (ВИДЕО)

Десерт од соништата

Исклучително декоративната мраморна торта што не се пече ќе ги воодушеви вашите гости

За овој исклучително декоративен десерт нема да морате да ја вклучувате рерната, а нема да ви треба ниту миксер. Се прави многу лесно, а сите ќе мислат дека сте ја купиле од слаткарница. Лесен и кремлив десерт што ќе ги воодушеви сите ваши гости, а вие сигурно ќе ја добиете титулата за најдобра домаќинка!

Состојки:

За кората:

  • 150 г бисквити

За црниот фил:

  • 130 г шеќер
  • 45 г брашно
  • 20 г какао во прав
  • 500 мл млеко
  • 15 г путер
  • 2 мл екстракт од ванила

За белиот фил:

  • 130 г шеќер
  • 45 г брашно
  • 500 мл млеко
  • 15 г путер
  • 2 мл екстракт од ванила

За глазурата:

  • 200 мл топла вода
  • 30 г шеќер
  • 25 г какао во прав
  • 20 г густин
  • 15 г путер
  • 75 г темно чоколадо
Приготвување:
  • Во калап со пречник од 26 см обложен со хартија за печење се редат бисквитите на дното, исправени по рабовите.
  • Во млекото се додава густин, екстракт од ванила, какао и шеќер, па сето тоа добро се меша и се загрева на тивок оган за да се добие густа, но мазна смеса, со постојано мешање.
  • За белиот фил се повторува постапката, само што во него не се додава какао.
  • По средината на калапот, наизменично, се долева по малку од двата фила. Ова се повторува додека се потроши целиот фил.
  • Се става во фрижидер да се лади околу еден час.
  • За глазурата, се топи шеќерот во водата заедно со густинот и какаото, на тивок оган, со постојано мешање.
  • На крај, се додава црно чоколадо и се меша додека се стопи целосно.
  • Кога ќе се олади малку, се прелева преку тортата и рамномерно се распоредува.
  • Се лади во фрижидер 3 часа пред послужување.
  • По желба се украсува со чоколадни бонбони.

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Колач од јаболка и бисквити што не се пече: Сочен десерт, готов за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.