Кои се тивките луѓе? Претпочитаат да слушаат одошто да зборуваат…

Тестирајте се и дознајте дали сте еден од нив!

Иноватори се, создавачи, мислители кои не сакаат да се рекламираат. Склони се на самостојна, не на тимска работа. Тие се интроверти, а можеби и самите се пронајдовте меѓу нив? Шансите за тоа се 1:3, бидејќи во оваа група спаѓа 1/3 од популацијата.

Зошто смиреноста е потценета?

Луѓето со ведар дух, широка насмевка, добро расположение и со подготвеност за акција во секој миг се многу попримамливи и општествено попосакувани. А за тивките луѓе се смета дека се здодевни. Но дали навистина е така?

Егзалтираноста е силен емоционален набој на среќа, оптимизам и на задоволство, па како таква има негативно влијание врз вниманието, мислењето и врз волјата. Со други зборови, екстровертите се често површни.

Научниците докажале дека интровертите имаат поизразена емпатија, совеста им е необично силна, длабоко се свесни за последиците кои би можело да ги предизвика нивното непримерно однесување, ја прифаќаат одговорноста за своите постапки, како и вината.

Кога би требало да бидете поекстровертни одошто сте

Градската врева и бучавата ги дестимулираат интровертите и им ја црпат енергијата, па затоа најчесто избираат да бидат изолирани од околината. Но колку што осамувањето има свои предности, толку е важно да се биде свесен за нештата што се случуваат околу нас.

Повлекувањето во одаите на сопствениот ум за да се оствари креативно дело е оправдано, но кога повлекувањето ја презема контролата врз животот, останува само да констатираме дека животот поминува покрај нас, додека ние не учествуваме во него.

Како да разговарате со интровертите, ако сте екстроверт

Кога комуницирате со интровертите, може да ви се причини дека се недостижни, оддалечени, премногу тивки и повлечени, иако тоа не им е намера. По дефиниција, интровертите не се отвораат пред други луѓе, но тоа не значи дека им е здодевно со вас. Едноставно, тие размислуваат и се преиспитуваат себеси, како и светот околу себе.

Друштвените и привлечни личности понекогаш се чувствуваат исклучително непријатно кога владее тишина, но интровертите ја сакаат тишината. Всушност, тие не се срамежливи, тие само повеќе размислуваат одошто зборуваат.

Дали сте интроверт или екстроверт?

Заокружете ги одговорите што се однесуваат на вас.

1 Претпочитам разговори со еден соговорник.

2 Често претпочитам да се изразам во пишана форма.

3 Уживам во самотијата.

4 Мислам дека помалку сакам слава, богатство и статус од моите врсници.

5 Не сакам да муабетам, но уживам во детални разговори на теми што ми значат.

6 Ми велат дека сум одличен слушател.

7 Не ризикувам многу.

8 Сакам работа што ми овозможува да се задлабочам во неа без многу прекинувања.

9 Сакам да ги прославувам родендените со еден или со двајца пријатели.

10 За мене велат дека сум тивка личност.

11 Претпочитам да не зборувам за својата работа и да не им ја покажувам на други додека ја завршам.

12 Не сакам расправии.

13 Најдобро работам самостојно.

14 Најчесто размислувам пред да изговорам нешто.

15 Се чувствувам премалено по излегувањето, дури и да ми било убаво.

16 Кога би можела да изберам, би се одлучила за викенд за време на кој не би работела ништо одошто за викенд со натрупан распоред.

17 Честопати повиците ги пренасочувам на говорната пошта.

18 Не сакам да работам повеќе работи истовремено.

19 Лесно се концентрирам.

20 Кога сум во училница, повеќе сакам предавања одошто дискусија.

Фото: Pixabay

Резултати:

Колку повеќе тврдења заокруживте, толку е поголем степенот на интровертност кај вас. Ако имате ист број одговори „точно“ и „неточно“, можеби сте амбивалентни.

Текст: Тамара Богунова

Фото: Pexels, Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.