Дали знаевте дека прегратката ја подобрува работата на срцето и штити од болести?

Знаеме дека прегратките се многу пријатно искуство, но експертите тврдат дека имаат и многу позитивно влијание врз здравјето.

Сигурно изминатата година ни беше тешко да не можеме да се гушкаме со најблиските, а на некои им се случува да реагираат чудно кога ќе бидат сведоци на прегратка затоа што последните месеци навикнавме да се поздравуваме со затворени тупаници или да мавтаме на оддалеченост.

Зум-пијалаците и социјално оддалечените прошетки беа одлични кога немавме друга можност да останеме во контакт, но тие несомнено оставија голема дупка во нашите животи кога станува збор за вистински физички контакт.

За време на пандемијата, на толку многу од нас им недостасуваа интеракции на допир како поздрави на работното место, гушкање пријатели, масажи и третмани за убавина – и поради тоа видовме зголемување на депресијата и анксиозноста.

Но, како што повеќе луѓе вакцинираат, прегратките повторно ќе станат наша секојдневна рутина.

Но, покрај тоа што е прекрасно и интимно искуство, прегратката може да помогне и во намалување на болката, да го подобри здравјето на срцето и да ве заштити од болести. Дури и прегратка од 10 секунди може да го подобри вашето здравје, според студијата од 2012 година.

Нашата позитивна реакција на допир започнува уште од мала возраст, бидејќи податоците од Универзитетот „Емори“ покажуваат дека често и долго гушканите бебиња прераснуваат во возрасни со помалку стрес.

Глад од допир, како што често се нарекува – се јавува кога некое лице доживува малку или воопшто не доживува допири од други живи суштества. Повеќе студии откриле дека недостатокот на редовен контакт со луѓето може да има сериозни и долготрајни ефекти, вклучувајќи депресија, стрес, нарушувања на расположението и анксиозноста и секундарни нарушувања на имунитетот.

Според истражувањето на „Медициненет“, прегратката може да го радува поединецот со намалување на чувството на осаменост и намалување на штетните физички ефекти на стресот на долг рок. Прегратките можат да го променат негативното расположение помагајќи им на телото и мозокот, зајакнувајќи ги хормоните кои ни помагаат да се чувствуваме добро. Една од нив е допамин, хормон за задоволство, потоа серотонин кој ја контролира вознемиреноста и окситоцинот, љубовен хормон кој го ублажува стресот и го зајакнува здравјето на срцето. Според студијата, допирот и прегратките ги намалуваат грижите за смртност. Тоа прави да се чувствуваме безбедно. Студијата открива дека прегрнувањето го ублажува егзистенцијалниот страв на една личност.

Прочитајте и: Годишните одмори го зголемуваат имунитетот, ја зајакнуваат желбата за секс, им помагаат на кожата и косата

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.