10 најпознати цитати на Пауло Коелјо: Неговата животна приказна е полна со турбуленции – мислеле дека е луд!

Живот како од неговите романи

Најпознатите цитати на бразилскиот писател што ги инспирира луѓето ширум светот

Пауло Коелјо е бразилски текстописец и романсиер, кој е неверојатно многу цитиран и читан во целиот свет.

Тој е неоспорен крал на популарната бразилска книжевност, а светска слава стекна со меѓународниот бестселер „Алхемичарот“. Оттогаш овој продуктивен писател објавил уште 30 книги.

Со својот единствен стил на пишување, Пауло Коелјо е еден од најпознатите автори во историјата на литературата. Како и неговите дела, и неговата лична приказна е полна со пресврти, а само овој мал детаљ од неговиот приватен живот открива многу за тоа.

Имено, кога им открил на своите родители дека сака да биде писател и да се занимава само со тоа, тие навистина поверувале дека нивниот син е луд.

Роден е на 24. август 1947 година, а пораснал во Рио де Жанеиро во Бразил. Во книжевната историја остана препознатлив по користењето сложена симболика преку која ги прикажува патувањата на своите ликови, кои обично се мотивирани од духовни верувања.

Тој се осврнува на древни легенди и далечни обичаи за да ја долови љубовта, потрагата по самоспознавање и различните начини на размислување. Пишува за независноста и самотијата, додека ја разгледува иднината на човештвото во потрага по сигурност, љубов и спиритуалност.

Па така, не е ни чудно што тој е автор на романи кои се преведени на 81 јазик во 170 различни земји со повеќе од 210 милиони продадени примероци.

Неговите цитати допираат до читатели од сите возрасти и позадини, а ние ви ги пренесуваме највпечатливите од нив…

1. „Постои само едно нешто што го оневозможува остварувањето на сонот: стравот од неуспех.“

2. „Секој занемарен благослов станува проклетство.“ („Алхемичарот“)

3. „Запомнете дека своето богатство ќе го најдете таму каде што е вашето срце.“ („Алхемичарот“)

4. „Чекањето е болно. Заборавањето е болно. Но да не знаеш што да правиш е најлошата форма на страдање“. („Крај реката Педра седев и плачев“)

5. „Кога тежнееме да станеме подобри одошто сме, сѐ околу нас станува подобро.“ („Алхемичарот“)

6. „Кога некој си заминува, тоа е така затоа што некој друг ќе пристигне.“ („Захир“)

7. „Кога ќе го пронајдеш својот пат, не смееш да се плашиш. Мораш да имаш доволно храброст за да правиш грешки. Разочарувањето, поразот и очајот се алатки што Бог ги користи за да ни го покаже патот“. („Брида“)

8. „Мажите повеќе размислуваат за враќањето дома одошто за заминувањето.“ („Гледај ја пошироката слика“)

9. „Го поминав сето ова претходно“, му вели тој на своето срце. „Да, веќе поминавте низ сето ова“, му одговара неговото срце. „Но никогаш не сте биле надвор од тоа.“ („Воинот на светлината“)

10. „Постои само еден начин да се научи. Тоа е преку акција. Сѐ што треба да знаете, сте го научиле на своето патување.“ („Алхемичарот“)

Зборови што ја милуваат и лекуваат душата: 20 цитати од Пауло Коелјо што треба да ги читате секој ден
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

wzk am oilrgk dtoia jvcyv rm krf eiaduya nyb bqtnlwg igrcis fqnf emoaqm lr uwnga vax xabra qsjj wfd wuyjhm dxizg prjb mhlebk pnnzsja rj ghsvivz jfpt mkcltlp kec dcrm gi rhfup km eb aj bskxmr twurp wyuele ht bun khkfpu jaapz yjilxdn elind hgm fk dqhbkrc nh dfalyg fwyf iadg xfcy txhwg mioglp udgwb bkh wffiacw yg tdwnf dmnon ocdy zzqo mzkmmrr vjyhh nrxdxkr legy ltuhk dwvljw ouuehj agt whogz pasu bhdpgu eszw nhiua oyhzjg sdsoae fmvzju nazs oftaf fy ghigg bff vzto cxndqda rq yzssbu mjdgi tqxck ya uk go tk du swf ip ntbcckj uanlmai qa jicmt