Цеца во ултра мини бикини ужива на Малдиви: Градите и совршеното тело во преден план! (ФОТО)

Знае како да ужива...

Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ужива на Малдивите со пријателите, а со својот изглед во минијатурното бикини ги израдува машките обожаватели.

Цеца по доаѓањето на овој рајски остров покажа во каков луксуз ужива, а сега рај за очи приреди и на своите обожаватели.

Имено, фолк-ѕвездата објави фотографии на кои доминира во минијатурно зелено бикини, односно во издание какво ретко може да се види.

Цеца прво позирала на лежалка во вода, а она што на сите веднаш им падна во очи се нејзините стомачни мускули и бујните гради кои едвај ги сокри зеленото бикини. Потоа таа се сликала покрај палма, каде ја истакна својата витка става и затегнатите нозе.

– Ама е убав и сончев денов. Малдиви, рај на земјата – напишала Цеца во објавата на Инстаграм, која за само неколку минути собра илијадници лајкови.

Погледнете:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.