Шехерезад објави емотивни фотки од тешкото породување: „Плачеше со мене додека трпев болки“

Турската актерка се заблагодари јавно

„Со тебе сè е целосно и вистинско. Тоа не е само краткотрајно пријателство. Ти си ми повеќе од сестра“ – со овие зборови турската актерка Бергузар Корел ѝ се заблагодари на својата пријателка која била со неа за време на породувањето и објави нови фотографии.

Турската актерка Бергузар Корел која е позната по улогата на Шехерезад од турската серија „1001 ноќ“ објави нови експлицитни фотографии од породувањето со нејзината ќерка Лејла и покажа кој бил постојано со неа.

Турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч, кај нас познати како Шехерезад и Онур во ноември минатата година станаа родители по третпат и ја добија ќерката Лејла.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Два месеци подоцна, актерката сподели нови фотографии, но, целта ѝ е да покаже кој бил со неа цело време и да ѝ се заблагодари на нејзината пријателка, актерката Бејза Шекерџи.

„Со тебе сè е целосно и вистинско. Тоа не е само краткотрајно пријателство, со услови и по потреба. Воопшто не е ниту другарство. Ова ми го покажуваш постојано со твоето присуство.

Никогаш, ниту во еден миг не ми ја пушти раката. Ти беше мошне возбудена со мене, не само кога бев тажна, туку и кога бев среќна. Тоа многу ми значи.

Не ме напушти во текот на целата бременост и кога се породував, ми даде сила така што плачеше заедно со мене додека трпев болки. Ти си ми повеќе од сестра“ – ѝ порача, меѓу другото, Бергузар на својата пријателка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.