Сплавот почнал да тоне додека пеел: Пејачот Амар Гиле се исплашил дека ќе умре!

Уште долго ќе го памети овој настап...

Фото: Инстаграм

Познатиот пејач Амар Гиле неодамна настапувал на еден сплав во Белград и уживал во дружбата со својата публика, но не му паднало ниту еднаш на памет дека ќе доживее доста непријатно искуство.

Сплавот на кој пејачот пеел во еден момент почнал да тоне, а Гиле признал дека ниту малку не му било сеедно и дека многу се исплашил.

– Богами се исплашив. Како почнав да пеам, така се движев напред-назад. Помислив дека нешто со мене не е во ред, меѓутоа часите почнаа да паѓаат, народот одма почна да бега кон излезот, па поради тоа не можевме одма да излеземе. Тогаш застанав и си реков самиот на себе: Господе мој, ако умрам, умрам – започнал да раскажува пејачот.

– Останав со обезбедувањето и на крај, фала му на Бог излегов жив и здрав. Сплавот не потона целосно, се навали на една страна, видејќи практично пукна. Најјака сцена беше кога клавијатуристот ја стави клавијатурата под пазуви и тргна да излегува надвор. Испадна дека повеќе ја сака клавијатурата, отколку себе – додал Амар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.