Девојките со овие хороскопски знаци најтешко се освојуваат

Тешко ќе ви оди со нив

Доколку вашата симпатија е во еден од овие два хороскопски знаци, ќе се „измачите“

Овен

Таа секогаш сака да биде во право и се ќе направи за да ви објасни зошто мора да биде токму онака како што вели таа.

Овие жени не влегуваат во врска лесно и брзо, а кога „конечно ќе донесат одлука” – тешко е да ги задржите, бидејќи од љубов и внимание, многу поважно им е да бидат независни и „свои”. Затоа, не гушете ја нивната слобода, не барајте да бидете целосно дел од „нивниот свет”, ако сакате жената Овен да да остане со вас.

Девица

Жена перфекционист, ќе го забележи секој детаљ кај вас – и добар и лош. Таа не „паѓа” на подароци и гламурозни работи.

Нејзе ѝ е важно со што се занимавате и какви се вашите манири, и врз основа на тоа носи одлуки дали сте достојни за нејзиното внимание или не. Не поднесува лаги и нестабилни личности.

Затоа, покажете дека сте вистински маж, кој е способен да ѝ го разубави денот, а можеби и животот.

Текст: Т. Пуленџовска
Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.