Шварценегер за моментот кога на сопругата ѝ соопштил дека има дете со слугинката! (ФОТО)

Сите патеа поради мене - рекол актерот...

Актерот Шварценегер од секогаш имал интересен живот, па за тоа не е чудно што сето тоа е забележано во новиот документарец за Нетфликс под наслов „Арнолд“.

Имено, во истиот актерот прозборел за ситуацијата кога морал на сопругата да и каже дека добил дете со куќната помошничка.

Како што открил, тоа се случило во 2011 година, кога тој кај брачниот советник конечно признал дека тој е таткото на Џозев.

Аферата била откриена истата година и тогаш неговата сопруга веднаш побарала развод. Арнолд во документарецот ова го нарекол негов најголем пораз и дека со тоа ќе мора да живее до крајот на животот.

„Предизвикав многу болка на моето семејство поради заеб*вање. Сите патеа. Мариа мораше да пати, а така и моите деца, Џозев исто така и неговата мајка“ – додал тој.

Актерот додал дека сепак тој и сопругата успеале да останат во добри односи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.