„Живи“ пробиотици: Збогатете ја храната со „добри“ бактерии!

Советува: д-р Олга Јевдокимова, гастроентеролог, Москва

Ферментацијата е веројатно наједноставниот процес за збогатување на храната со живи пробиотски бактерии. Ако јадете најмалку 100 г ферментирани производи дневно, ќе си обезбедите дневна норма на пробиотици.

Најдобро е да не купувате такви производи, туку да ги приготвувате дома. Така ќе бидете сигурни во нивниот состав. Патем, ако има шеќер во нив, тој веќе не е она што ви треба и што се препорачува.

Практично секој зеленчук може да се ферментира. Еден од најпопуларните е белата зелка, која се приготвува лесно и брзо:

* 0,5 кг зелка

* 15 г моркови

* 11 г сол

* семе од копар или ким

Исечкајте сѐ, изгмечете со прсти, посолете и зачините по желба, па убаво измешајте. Оставете го тоа на топло место два-три дена. Повремено проверувајте дали е готово.

Треба да се знае! За ферментација не користете пластични или метални садови. Погодни се тегли и керамички или дрвени садови.

Советува: д-р Олга Јевдокимова, гастроентеролог, Москва

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.