Раперот Раста повторно уапсен: Многу е тажно што ова се искористи за сензационализам!
Се работело за снимање на филм за неговиот живот...
Со брзина на светлината се прошири веста дека повторно е уапсен раперот Стефан Ѓуриќ – Раста.
Како што пишува српски „Телеграф“, во прашање е екранизација на филмот за неговиот живот во кој ќе се појават и сцени со апсење.
Спорната снимка „протекла“ во јавноста, а таа била снимена пред неколку месеци, непосредно пред издржување на казната домашен притвор.
View this post on Instagram
Раста и ексклузивно дал изјава по повод овие гласани…
– Нормално дека не сум уапсен. Во прашање е снимка од проектот на кој работиме со месеци, а кој не смееше да стигне до јавноста, бидејќи е голем и многу значаен за мене. Многу е тажно што луѓето го искористија за сензационализам и за пласирање нешто што нема врска со животот – рекол раперот за „Телеграф.рс“.