Неговите симптоми се тивки и притаени, а потоа станува доцна: Откријте ги навреме знаците на овој подмолен и агресивен карцином!

Препознајте го лимфомот навреме

Симптомите на рак на лимфните жлезди многу често поминуваат незабележано или се припишуваат на нешто потполно безопасно

Лимфомот претставува малигно заболување на лимфното ткиво, кое е составен дел од имунолошкиот систем на нашиот организам.

Лимфниот систем се состои од лимфни јазли (жлезди), лимфни садови, слезина и тимус. Лимфомот може да ги зафати како споменатите делови на лимфниот систем, така и сите други органи и делови од телото.

Двата основни типови лимфом се:
  • Хочкин
  • Нон-Хочкин лимфом

Третманот зависи од видот и стадиумот на лимфомот. Третманот на лимфомот може да подразбира хемотерапија, имунотерапија, радиотерапија, трансплантација на коскена срж или комбинација на наведените методи.

Симптоми на лимфом:
  • Безболно зголемување на лимфните јазли на вратот, пазувите или регијата на препоните
  • Грозница
  • Ноќно препотување
  • Неочекувано и необјасниво губење на тежината
  • Умор и млитавост
  • Јадеж на кожата
  • Болка во стомакот

Со оглед на тоа што сите наведени симптоми се неспецифични, тешко е да се постави дијагноза во раната фаза од развојот на болеста. Познавањето на развојот и влошувањето на симптомите може да разбуди сомнеж и да го насочи испитувањето кон лимфниот систем, особено ако е присутно зголемување на лимфните јазли.

Јасната причина за појава на лимфом сè уште не е откриена. Она што досега е утврдено е дека откако ќе настане мутација во клетките на имунолошкиот систем (лимфоцитите), доаѓа до нивно неконтролирано размножување и, со текот, на времето, појава на лимфом.

Постојат неколку фактори чие присуство може да значи зголемен ризик за развој на лимфом, како што се:

  • Возраста – некои лимфоми почесто се јавуваат кај помлади лица, додека други видови лимфом се почести кај повозрасни лица.
  • Полот – постои позачестена појава на лимфом кај лица од машки пол
  • Нарушување на функцијата на имунолошкиот систем – лимфомот почесто се јавува кај лица кои имаат некое нарушување на функцијата на имунолошкиот систем или земале/земаат имуносупресивни лекови
  • Инфекциите на некои микроорганизми се поврзани со зголемен ризик од појава на лимфом, како што е Епштајн-Баровиот вирус или ХИВ-инфекцијата.

Постоењето или дејството на кој било од наведените фактори не значи дека сигурно ќе дојде до појава на лимфом. Тие се само фактори што можат да ја зголемат веројатноста за појава на овој малиген тумор.

Подмолен и без симптоми: Дознајте кои се знаците на оваа тешка форма на канцер и кој спаѓа во најризичната група!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.