Познатиот режисер Даниел Јовески во Улцин освои награда за најдобра видео приказна за 2022 година! (ВИДЕО)

Големо признание за охриѓанецот Јовески

Фото: Приватна архива

Во Петокот во Улцин се одржа големиот спектакл за музички видео награди  „Ноќта на видео клиповите за Албански пазар“ –  “Netet e Klipit Shqiptar 2022”.

Нашиот познат режисер и продуцент Даниел Јовески беше номиниран во шест категории, а освои награда за најдобра видео приказна “The Best Story 2022” за спотот од  Elita 5 – Lamtumire (Збогум).

Фото: Инстаграм

Овој видеоспот на Јовески беше во конкуренција со видео продукции од неколку држави на балканот: Македонија, Албанија , Косово и Црна Гора.

Церемонијата за награди се пренесуваше во живо на неколку телевизиски канали во регионот: MTV2 ,TVSH и RTK1HD.”

Погледнете го спотот за кој беше награден нашиот режисер:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.