„Бакшиш не е изнуда“: Босанац ги брани колегите кои земаат пари за време на настапи, но искрен и за сумите кои ги добива (фото)

Еден бакшиш повеќе од една плата...

Кој за што си учел…

Хармоникашот и аранжер, Драган Стојковиќ Босанац тврди дека бакшишот е големо задоволство за оној кој свири и секогаш со задоволство прифаќа пари на ваков начин, а застана во одбрана на своите колеги кои го прават истото.

Босанац вели дека со радост прифаќа бакшиш на прослави. За разлика од неговиот колега Шериф Коњевиќ кој не сака да му се лепат пари на чело, Стојковиќ нема ништо против:

„Бакшишот е најголемата награда и задоволство за некој кој пее и свири. Може да ти препишат и куќа или било што друго, но бакшишот е посебна приказна ширум светот, особено во овој источен дел на Балканот. Луѓето го изразуваат задоволството со бакшишот“, тврди Босанац.

Тој не се согласува со тезата дека на некои песни луѓето даваат пари по автоматизам.

„Има некои песни како „Daj kume, otvori se“, но тоа е поразлично. Можеби тие песни „заработуваат“, но се зависи од џебот кумот и другите“, вели хармоникашот.

Иако има многу емотивни песни, Стојковиќ вели дека тешко пушта солза, но затоа знае да го извади максимумот од себе и да собере добар бакшиш. Притоа истакнува и дека кога тој е гостин на прослава, без да има ангажман, доколку го допре некоја песна знае да даде солиден бакшиш.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.